ДЕТОКСИГЕНЕ ТРЕТМАН

Детоксигене третманот за само 1 час длабински ја оксигенира кожата, ги отстранува токсините и микрочестичките од надворешното загадување и кожата повторно дише. Третманот е погоден за сите возрасти и за сите типови на кожа.

Тајните на третманот

  • Прв чекор е двојна ексфолијација со ензимски и механички (со зрнца) пилинг крем, која ги елиминира изумрените кожни клетки, токсините и микропартиклите од надворешното загадување, ја чисти и ја измазнува кожата.
  • Детоксигене Маската делува како магнет кој ги собира и ги отстранува партиклите од загадувањето и ги детоксира сите слоеви од кожата. Благодарение на хемиската супстанција ЕДТА и Зелената глина во Детоксигене маската ги неутрализира тешките метали, ги апсорбира токсините и отпадните метаболички супстанции од подкожното ткиво, го подобрува клеточното дишење и помага во складирање на енергијата во клетките.
  • Уникатната Детоксигене масажа преку специфичните масажни движења со Детоксигене активниот серум обезбедува длабинска оксигенација на кожата, ја подобрува микроциркулацијата и снабдувањето со кислород, го стимулира клеточниот метаболизам и синтеза на енергетски соединенија- АТП, така клетката функционира одлично со природен баланс. Пурисофт комплексот ( екстракт од семе од моринга) формира заштитна бариера кон надворешните загадувања како и негативните ефекти од брзиот животен стил. Екстрактот од алгата Ламинариа дополнително ја хидрира и го подобрува тонусот и еластичноста на кожата.

Резултати

Веднаш по третманот кожата е видливо сјајна, мазна и со бледо розева боја и текстура, лицето се чувствува освежено и негувано на допир. За 82% кожата е почиста и без иритации, за 43% се чувствува лицето меко и нежно на допир и до 66 % се  подобрува длабинската хидратација. Кожата повторно како да дише.

Фрекфенција

Детоксигене третманот се препорачува за сите возрасти и за сите типови на кожа во тек на целата година. Особено се препорачува неколку пати во годината кога степенот на надворешно загадување е највисок, во период на екстремен стрес и замор, кај сезонски промени, по одмор или долго патување и при интензивен долготраен напорен период.

 

ДЕТОКСИГЕНЕ ТРЕТМАН
2.400ден
Закажи термин