За компанијата

 

ДЕРМАЕСТЕТИКА ДОО СКОПЈЕ е генерален застапник и дистрибутер за нашата држава на францускиот професионален козметички бренд Guinot Institut Paris. Овој престижен, врвен бренд пред повеќе од 15 години ни ја додели нас и на нашиот стручен тим довербата за промовирање и развивање на брендот во нашата држава така што Вие како клиент со задоволство ќе го препознаете и ќе уживате во моментот на беспрекорен квалитет и спектакуларна услуга при изведување на третманите.

Нашата визија е Guinot брендот кај нас и во нашите авторизирани салони да биде достоен член со врвен професионализам во огромното Guinot семејство ширум светот во 70 земји со преку 11.000 салони. Препознатливите Guinot третмани се синоним на престиж, луксуз, префинетост со единствен уникатен протокол во сите Guinot  салони во светот.

Нашите вредности се високо едуциран стручен тим од доктор, инженер како и срцето на Guinot, нашите тренери и терапевти кои се обучени да ја разбират потребата на вашата кожа, да ве советуваат и да ви препорачаат нега за дома како продолжување на постигнатите резултати со Guinot  третманите. Но не застануваме тука за вас воведовме дигитална алатка -Тестирање на кожата- така што брзо и лесно, во неколку чекори, да го откриете третманот кој најдобро одговара за вашата кожа и се разбира кој производ е идеален за вас. Ве охрабруваме да направите виртуелна консултација со новата дигитална алатка за Тестирање на кожата или да закажете бесплатна консултација со нашиот тим.

Ние навистина ја препознаваме вашата желба за постигнување на убавината, се грижиме да ги исполниме и вашите најмали желби и секако да бидете наш среќен, лојален и задоволен клиент.

 

ДПТУ Дермаестетика доо Скопје

бул. Кочо Рацин бр.32/1-3, 1000 Скопје-Центар

Трговија со козметички производи и услуги

Контакт емаил:

Генерален менаџер дипл.инг.Петаноски Сашко

емаил: petanoskis@t.mk

Бренд и тренинг менаџер Др.Петаноска Маја

емаил: petanoska@t.mk