ХИДРА СУММУМ ТРЕТМАН

4 фазен Мануелен третман за лице со активни состојки за интензивна хидратација и висока концентрација на Хијалуронска киселина

Механизам на дејство-

45 минутен мануелен третман со ефект на длабинска хидратација, лимфна дренажа и детоксикација на кожата

Фаза 1-HYDRA SUMMUM EXFOLIATOR

Единствен производ во својот домен по гелната текстура со фини партикли, се нанесува со лесни движења ги елиминира мртвите клетки од површинскиот епидермален слој, го стимулира процесот на обновување на кожата и ја подобрува ресорпцијата на последователните производи во тек на третманот. Содржи целулозни зрнца, јојоба меурчиња и бамбусови фини зрнца.Се плакне со млака вода.

Фаза 2-HYDRA SUMMUM CONCENTRATE

Серум со висока концентрација на Хијалуронска киселина со голема молекуларна тежина, се нанесува со специфична масажна техника на лице, врат и очната зона. Лесно се ресорбира преку епидермалниот слој ги пополнува фините дехидратациони линии формирајќи заштитен филм и перфектна хидратација. Не се плакне.

Фаза 3- HYDRA SUMMUM MASSAGE-

10 мин масажа со комбинација на мануелни движења за лимфна дренажа и енергетска акупресура. Овозможува намалување на ретенцијата на вода, врши длабинска детоксикација и деконгестија на слоевите од кожата, со енергетската масажа пак се измазнуваат фините линии и брчките и се подобрува текстурата, тонусот и сјајот на кожата. Содржи хијалуронска киселина со мала молекуларна тежина, хидроцитен комплекс и ултра фини сфери од хијалуронска киселина Не се плакне

Фаза 4 –HYDRA SUMMUM MASK

Се нанесува гелна маска богата со Хијалуронска киселина и хидроцитен комплекс кој делува на задржување на водата и длабинска хидратација, маската содржи и Актикалм комплекс кој смирува пријатно лади и ги обновува оштетените слоеви на кожата.Се плакне со млака вода по 10 мин.

Резултат-

Третманот е наменет за сите типови на кожа и сите возрасти особено по период кој довел до дехидратација и оштетување на кожата, резултатот е до 100 % перфектно хидрирана кожа со мека и нежна текстура на допир, до 95% измазнети фини линии и волуменозен, свеж и здрав изглед. До 28% измазнување на дехидратационите линии .

Се препорачува интензивен пакет од 3 третмани еднаш неделно , како 1 до 2 пати месечно за одржување.

ХИДРА СУММУМ ТРЕТМАН
2.800ден
Закажи термин