Ексклузивен патентиран третман кој делува како гимнастика на лицевата мускулатура, дополнително ја тонира и ја затегнува кожата. Лицевите контури се затегнати и видливите знаци на стареење се видливо намалени. Со годините мускулите се користат се помалку, кожата ја губи еластичноста и тонусот додека лицевите контури ја губат острината, триаголникот на стареење полека ја менува формата добиваме изморен и тажен изглед на лицето. Третманот се изведува со високо технолошкиот козметички апарат Хидрадерм Целулар Енерги.
Тајните на третманот
- Првиот чекор е лимфна дренажа со одредени движења на електродите, така се намалуваат отоците и тензијата во ткивото, се подобрува венската микроциркулација, се дренира лимфата и се детоксира подкожното ткиво.
- Мускулната стимулација делува така сто ги дефинира и го зголемува волуменот на лицевите мускули, го подобрува тонусот и еластичноста, ги затегнува лицевите контури и ја подобрува мускулната мимична активност.
- Масажата како најубавиот дел од третманот е со специфични релаксирачки и фирминг движења, со концентриран серум крем, ја подобрува микроциркулацијата и оксигенацијата, така кожата е освежена, затегната и со подобрен тонус.
Резултати
Третманот како гимнастика на лицевите мускули овозможува веднаш видлив лифтинг ефект, лицевите контури се реобликувани и затегнати, измазнети се брчките и фините линии, кожата е сјајна, здрава и подмладена.
Фрекфенција
Препорачуваме иницијален пакет од 3 до 6 третмани со фрекфенција од 1 до 2 третмани неделно. За одржување или редовна рутина на третмани препорачуваме 1 до 2 третмани месечно во текот на целата година.