ТЕХНИ СПА ТРЕТМАН ЗА ЗАМОРЕНИ НОЗЕ

Третманот за заморени и тешки нозе ,претставува совршена комбинација на апаративна техника или апаратот TECHNISPA GUINOT  и професионални козметички производи, Акти серуми со поларизирани активни состојки од растително потекло, креиран од лабораториите на Guinot институтот во Франција. Ефикасноста во лимфната дренажа и детоксикацијата на нозете се состои во идеалната комбинација на три методи во еден третман, додека специфичниот протокол на изведување гарантира сигурност и квалитет за секој клиент.

Тајните на третманот

  • Пулсирачка Вакум масажа со склуптор – ролерот кој врши субдермалната масажа и  има за цел да ја поттикне лимфната дренажа со нежни пулсирачки движења и да изврши детоксикација на ткивото на нозете, видливо намалувајќи ги отоците.
  • Активната Јонизација со биполарните акти-серуми кои содржат активни ензими, екстракт од црвено вино, ментол и камфор овозможува длабоко пенетрирање на активните состојки кои делуваат на подобрување на циркулацијата и даваат веднаш ефект на ладење и освежување на заморените нозе и стопала.
  • Мускулната стимулација пак предизвикува пасивна контракција на мускулатурата, дренирање на ткивото, подобрување на оксигенацијата на кожата и нејзино затегнување.

Резултати

Времетраењето на еден третман е 35 мин, со фреквенција од 1-2 пати неделно. По првиот третман се забележува намалување на отоците на нозете и до 1,2 цм. во обем. Најчесто се препорачува серија на третмани од 3 до 6 за постигнување на видливи и трајни резултати,како и 1 до 2 третмани месечно за одржување и подобрување на лимфната дренажа и микроцирулацијата.

ТЕХНИ СПА ТРЕТМАН ЗА ЗАМОРЕНИ НОЗЕ
1.400ден
Закажи термин