Дермо липо аспирацијата или популарно наречен Technispa третман претставува најефикасниот антицелулитен третман со локализирано слебеење креиран од лабораториите на Guinot Институтот во Франција. Ефикасноста се состои во идеалната комбинација на три методи во еден третман како вакум дермолипоаспирација, јонизација и мускулна стимулација кои се интегрирани во ергономскиот склуптор-ролер од TECHNISPA GUINOT апаратот и Акти-серумите кои содржат липолитички активни состојки и веднаш го активираат метаболизмот на мастите.
Тајните на третманот
– Вакум дермолипоаспирација со склуптор-ролерот има за цел механичко разбивање на целулитот и масните наслаги со нежни движења, лимфна дренажа и детоксикација на третираната регија.
– Јонизација со биполарните Акти-серуми кои содржат активни антицелулитни ензими како Бромелаин (екстракт од ананас) и Кофеин( екстракт од кафе) овозможува длабоко пенетрирање на активните состојки со антицелулитно дејство од актисерумите кои ензимски го третираат целулитот на ниво на клетка и ја забрзуват елиминацијата на масните депозити.
– Мускулна стимулација за зголемување на согорувањето на калориите, пасивна гимнастика и реобликување на телото. Екцито-моторната стимулација предизвикува контракција на мускулатурата, дренирање на ткивото, подобрување на оксигенацијата на кожата и нејзино затегнување.
Времетраењето на еден третман е 55 мин, со фреквенција од 2-3 пати неделно. Третманот се изведува на нозе, стомак, задник , грб и надлактици. Најчесто се препорачува серија на антицелулитни третмани од 6 до 12 за постигнување на видливи и трајни резултати како и 1-2 третмани месечно за одржување и спречување на повторно таложење на масните наслаги и целулитот. Кај 97% од жените се забележува намалување на стадиумот на целулит и појавата на портокаловата кора, до 1,9 цм намалување во обем на колковите и до 2,2 цм намалување во обем на струкот.