Витализирачки ароматераписки третман на лице кој се базира на комбинација на етерични масла, растителни концентрати и специфична релаксирачка масажа од нашите терапевти.
Природните извори како растенијата и нивните масла со векови се користеле за подготовка на лековити напитоци и чаеви, од нив се подготвувале козметички производи за нега на кожата, телото и косата. Гуинот лабораториите користејќи ги тајните на древните рецептури го креирале ароматерапискиот третман на лице кој е збир на комплетна релаксација на сите сетила и чувство на ексклузивна грижа за Вашата кожа.
Тајните на третманот
-Третманот започнува со нежна масажа и притисок на одредени акупресурни точки на лицето со соодветните есенцијални масла. Комбинацијата на есенцијални масла ја одбираат нашите терапевти според типот на кожата и вашата желба за убавина и моментална релаксација. Одбираме есенцијални масла од лимон, портокал, мандарина, камилица, рузмарин, еукалиптус, жалфија, лаванда…..
– Потоа третманот продолжува со нанесување на индивидуална комбинација на маски само за вашата кожа кои содржат висока концентрација на минерали, витамини и растителни екстракти. На крај на третманот кожата е исполнета со активни хранливи состојки и витална енергија од растителните екстракти и етеричните масла. Со ароматераписката масажа кожата ја добива својата рамнотежа и баланс се исполнува со позитивна витална енергија и зрачи со нова убавина.
Се препорачува серија од 3 до 5 третмани со фрекфенција еднаш неделно, така вашата кожа многу брзо ке се обнови од секојднениот стрес и ќе добие здрава бледорозева боја на тенот.