Релаксирачка ароматераписка масажа на грб која се базира на комбинација на етерични масла, растителни концентрати и специфична масажна техника на нашите терапевти.
Природните извори како растенијата и нивните масла со векови се користеле за подготовка на лековити напитоци и чаеви, од нив се подготвувале козметички производи за нега на кожата, телото и косата. Гуинот лабораториите користејќи ги тајните на древните рецептури и спа филозофијата го креирале протоколот за ароматераписката масажа на тело која е збир на комплетна релаксација на сите сетила и чувство на ексклузивна грижа за Вашето тело.
Тајните на третманот
-Третманот започнува со нежна масажа и притисок на одредени акупресурни точки на вратот и грбот со соодветните есенцијални масла. Комбинацијата на есенцијални масла ја одбираат нашите терапевти според типот на кожата и вашата желба за убавина и моментална релаксација. Одбираме есенцијални масла од лимон, портокал, мандарина, камилица, рузмарин, еукалиптус, жалфија, лаванда, јасмин…..
Со ароматераписката масажа кожата ја добива својата рамнотежа и баланс се исполнува со позитивна витална енергија и зрачи со нова убавина. Чувството на комплетна релаксација и детоксикација и виталност се само неколку ѕвездички кои го одбележуваат овој третман.
Се препорачува серија од 3 до 5 третмани со фрекфенција еднаш неделно, така вашата кожа и тело многу брзо ќе се обнови од секојдневниот стрес.