ТЕХНИ СПА ТРЕТМАН ЗА ЗАТЕГНУВАЊЕ

Третманот за затегнување и реобликување на телото претставува совршена комбинација на апаративна техника или апаратот TECHNISPA GUINOT и професионални козметички производи, Акти серуми со поларизирани активни состојки од растително потекло, креиран од лабораториите на Guinot институтот во Франција. Ефикасноста на третманот се должи на идеалниот протокол на движења со електродите и мускулнита контакција на група од мускули што доведува до реобликување и затегнување на телото.

Тајните на третманот

  • Активната Јонизација со биполарните акти-серуми кои содржат активни комплекси како екстракт од зелена микроалга и Алариа Ескулента ( браон алга) овозможува длабоко пенетрирање на активните состојки кои делуваат на подобрување на синтезата на колаген и еластин и делуваат против намалување на тонусот.
  • Мускулната стимулација пак предизвикува пасивна контракција на мускулатурата, дренирање на ткивото, подобрување на оксигенацијата на кожата и нејзино затегнување.

Резултати

Времетраењето на еден третман е 35 мин, со фреквенција од 1-2 пати неделно. По првиот третман веднаш се забележува затегнување на мускулатурата на нозете, задникот, стомакот и рацете. Реобликувањето и затегнувањето на фигурата е до 44%. Најчесто се препорачува серија на третмани од 3 до 6 за постигнување на видливи и трајни резултати,како и 1 до 2 третмани месечно за одржување и подобрување на мускулниот тонус и микроцирулацијата.

ТЕХНИ СПА ТРЕТМАН ЗА ЗАТЕГНУВАЊЕ
2.000ден
Закажи термин