Идеално дизајниран третман за сите типови на кожа особено за осетлива, алтернатива на естетско медицинските третмани кој ја обновува, освежува бојата и тенот на кожата, ги намалува првите знаци на стареење и ги избелува темните флеки и сончеви дамки.
Тајните на третманот
- Прв чекор е апликација на двојно ефективниот пилинг крем за Хидраабразија кој ги елиминира изумрените клетки од површината на кожата користејќи комбинација од механички пилинг во зрнца и ензимски пилинг од Папаја ектрактот, така лесно се раскинуваат интер – клеточните врски нежно без црвенило и иритации.
- Следен чекор е нежна масажа со Хидра Neuve Серум за масажа кој ги регенерира клетките и ја балансира кожата. Оваа фаза од третманот успешно ја стимулира клеточната активност и метаболизам обезбедувајќи подобра клеточна регенерација, особено водејќи грижа за осетливата кожа.
- Хидра Маската е peel off маска со ефект на ладење, ја смирува кожата и ја заштитува нејзината површина обновувајќи ја хидролипидната и структурна бариера.
Резултати
По само еден третман или пак по серија од 3 третмани кожата е сјајна, посветла и со избалансиран тен, нејзината текстура е мека и мазна. До 35 % ефект на избелување на темните флеки и дамки, до 29,1 % намалување на грубите и нерамни зони на лицето и до 1,3 поени на скалата во подобрување на бојата на тенот и бледорозева здрава обновена кожа.
Фрекфенција
Препорачуваме серија од 3 третмани со динамика од 1 третман неделно. По третманот избегнувајте изложување на сонце во период од 24ч и секогаш користете крема со СПФ.