ХИДРА КЛИН ТРЕТМАН

Уникатен третман за длабинско чистење, сјајна, негувана и здрава кожа. Одличен третмански протокол за тинејџери, безбеден кај бремени жени, идеална замена за класичните третмани за лице.

Тајните на третманот

  • Прв чекор е длабинско чистење со топлинскиот ефект од Термо- електродата во комбинација со активните термални гелови кои се одбираат според типот на кожата или според состојбата кај проблематичната кожа. Топлината го раствора себумот во каналите и порите и ја стимулира хиперсекрецијата на потните жлезди. Овие функции на Термо- електродата овозможува длабински да се изчистат порите, да се детоксифицира кожата и да се смират иритациите и црвенилото на лицето.
  • Следен чекор е лесна масажа со специфични серуми кои содржат екстракт од хамамелис кој ги затвора порите и алантоин кој дополнително ја смирува кожата.

Резултати

Хидра Клин третманот ги ослободува токсините од потните жлезди како и вишокот на себум од лојните жлезди, такa проширените пори длабински се чистат и постепено се намалуваат. Кожата добива здрава бледо розева боја , мазна е и сјајна.  Производите за дневна нега и чистење на лицето даваат се подобар резултат по третманот

ХИДРА КЛИН Третманот е идеален за……

30 мин. брз третман кој одговара за клиенти со малку слободно време кои сепак сакаат да се грижат квалитетно за својата кожа и како прв третман кај тинејџери и млади клиенти.

Фрекфенција

За сите типови кожа препорачуваме 1 третман месечно, за масна и проблематична кожа 1 до 2 третмани месечно.

 

 

ХИДРА КЛИН ТРЕТМАН
2.000ден
Закажи термин