Перфектно балансиран третман, алтернатива на естетско медицинските хемиски пилинзи, идеален како прв третман против знаците на стареење, за избелување на дамки и флеки како и за освежување и обновување на бојата и тенот.
Тајните на третманот
- Прв чекор е апликација на Хидра рН пилинг гел со фитична киселина и биолактон. По неколку минути активниот гел предизвикува хемиска ексфолијација на слоевите од кожата и особено ги таргетира фините линии, грубите зони, темните флеки и хиперпигментациите.
- Следен чекор е нежна масажа со Хидра Neuve Серум кој ги регенерира клетките и ја балансира нормалната рН на кожата. Оваа фаза од третманот успешно ја стимулира клеточната активност и метаболизам обезбедувајќи подобра клеточна регенерација.
- Хидра Маската е peel off маска со ефект на ладење, ја смирува кожата и ја заштитува нејзината површина обновувајќи ја хидролипидната и структурна бариера.
Резултати
По само еден третман или пак по серија од 3 третмани кожата е сјајна, посветла и со избалансиран тен, нејзината текстура е мека и мазна. До 55,7 % ефект на избелување на темните флеки и дамки, до 30,9% намалување на грубите и нерамни зони на лицето и до 2,2 поени на скалата во подобрување на бојата на тенот и бледорозева здрава обновена кожа.
Фрекфенција
Препорачуваме серија од 3 третмани со динамика од 1 третман неделно. По третманот избегнувајте изложување на сонце во период од 24ч и секогаш користете крема со СПФ.