ЛИФТИНГ ТРЕТМАН НА ОЧНА ЗОНА

Третманот за лифтинг на очната зона ги намалува првите знаци на стареење и замор. Дизајниран е перфектно, со нежна мускулна стимулација на очната зона, значително ги намалува подочниците , темните кругови, фините линии и брчките, ги затегнува и ги подигнува веѓите. Лифтинг третманот се изведува со виско технолошкиот професионален апарат за лице Хидрадерм Целулар Енерги.

Тајните на третманот

  • Првиот чекор е мануелна масажна техника со концентриран Серум за Очна зона, која помага во дренирање на токсините и лимфата, ја подобрува микроциркулацијата и ги подготвува мускулите за следната фаза
  • Мускулната стимулација користи микро екцитомоторна струја за “вежбање” на очната мускулатура. Овој чекор заедно со специфично формулираниот Серум гел ја затегнува кожата, го зголемува волуменот на мускулите, ги дренира подочниците, ги намалува темните кругови преку подобрување на оксигенацијата и микроциркулацијата.
  • Маската е со специфична форма и текстура, дополнително ги пополнува и ги намалува брчките кај очниот агол и меѓу очите, ги подигнува веѓите и очната зона изгледа одморена и освежена.

Резултати

По 40 мин од третманот очите се видливо подмладени и освежени, а кожата е сјајна, мека и нежна. До 40,2 % се намалени фините линии и брчките, до 46,7 % се затегнати очните агли и се подигнати веѓите и до 50 % има намалување на подочниците и темните кругови.

Фрекфенција

Се препорачува серија од 1 третман неделно во период од 3 недели. За одржување на постигнатите резултати или рутината за нега на очната зона се препорачуваат 1-2 третмани месечно.

ЛИФТИНГ ТРЕТМАН НА ОЧНА ЗОНА
1.800ден
Закажи термин